< Назад

Попов Трајче

Биографија: (Велес, 15.7.1923 - Скопје, 30.03.2007) Филмски режисер, снимател и сценарист. Со гимназиско образование се стекнува во родниот град, а 1945 година во Скопје завршува курс за новинари, по што станува дописник на Новинската агенција Танјуг за Велешкиот округ. Во текот на 1946 година во Белград го завршува курсот за самостојни сниматели и режисери што го организира Комитетот за кинематографија на ФНРЈ и станува дописник на филмскиот журнал на „Звезда филм“. Во овој период, па сè до 1948 година, Попов е регистратор на скапоцена документарна граѓа од терените на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија. Од овој период се и неговите први документарни филмови: ЖИТО ЗА НАРОДОТ (1947), НИЗ ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (1948), ПРВИОТ КОНГРЕС НА КПМ (1949) И БРАТСКА ПОМОШ (1950). Има реализирано преку сто документарни филмови со различна тематска определба, кои ја одбележуваат спецификата на македонското поднебје. Меѓу нив особено се издвојуваат: БЕЛИ МУГРИ (1952), СВАДБАТА НА ШАРПЛАНИНЕЦОТ (1970) и ЛИКВИДАТОР (1983), за коишто има добиено и вредни награди и признанија, меѓу кои се и наградите 11 Октомври и 13 Ноември.


Награди: 1948 Награда од Владата на ФНРЈ / „Жито за народот“ 1948 Пофалница и парична награда од „Звезда филм“ за учество во мајскиот натпревар во работата на втората година на првата петолетка 1948 Парична награда од „Звезда филм“ / „Помош за Грција“ 1949 Парична награда од „Авала филм“ / „Братска помош“ 1950 Награда на Владата на НРМ / „Првиот конгрес на КПМ“ 1950 Орден на трудот од трет ред од Президиумот на народното собрание на Југославија 1955 Јубилејна плакета и диплома за 10 годишнина на југословенската кинематографија 1955 Плакета од весникот „Вјесник у среду“ и градот Пула 1960 Диплома за режија од Кинолошкиот сојуз на Југославија / „Шарпланинецот Мургош“ 1961 ФФ „Лов и риболов“, Нови Сад / „Птици и риби“ 1962 Награда 13 НОЕМВРИ / „Бараме леб“ 1962 Парична награда од Дирекцијата за Мелиоративни системи на СРМ / „Страдни од вода страдни за вода“ 1964 Прва меѓународна смотра на фолклорни и етнографски филмови од балканските народи, Ниш, Почесна диплома / „Птици и риби“ и „Ритам и звук“ 1965 Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда за 20 години Југословенска кинематографија 1965 Златна јубилејна плакета 45-65 за 20 години Југословенска кинематографија 1965 Специјално признание по повод 20 години на Филмске новости Белград 1966 Награда Седум секретари на СКОЈ / „Бараме леб“ 1967 ФЈДКФ, Белград, Диплома за режија / „Охридскиот светилник“ 1967 Златна плакета со ликот на Ленин, СССР / „Македонска крвава свадба“ 1967 Спомен плакета од ГП Маврово 1969 Награда на ТВ Белград / „Довикување на пролетта“ 1969 ФЈДКФ, Белград, Специјална диплома за режија / „Довикување на пролетта“ 1971 ФЈДКФ, Белград, „Златен медал-Белград“ за режија / „Свадбата на шарпланинецот“ 1971 Награда на ТВ Белград / „Свадбата на шарпланинецот“ 1971 Награда на младината на Југославија / „Свадбата на шарпланинецот“ 1971 11 ОКТОМВРИ / „Свадбата на шарпланинецот“ 1973 Повелба за континуирано филмско документирање на обновата и изградбата на Скопје од Собранието на град Скопје 1978 Повелба од „Застава филм“ за долгогодишна соработка и значајни заслуги во унапредувањето на воениот филм 1979 Награда „4 ЈУЛИ“ од Сојузот на борците на Југославија / „Македонија во НОВ и револуцијата“ 1979 Голема повелба за развојот на југословенскиот филм 1979 Орден заслуги за народ со сребрени зраци по повод 35 годишнината на Југословенската кинематографија 1979 Признание од ПТТ по повод 35 години ПТТ 1981 ФЈИФ, ПУЛА, Плакета од Сојузот на здруженијата на филмските работници и од Југословенската кинотека за траен придонес во развојот на филмот 1983 ФЈДКФ, Белград, „Гран при“ за најдобар филм / „Ликвидатор“ 1983 Награда „Милтон Манаки“ од Југословенската критика / „Ликвидатор“ 1983 Награда на списанието „Јеж“ / „Ликвидатор“ 1983 Награда „Златен печат на Белград“ / „Ликвидатор“ 1983 Награда „Сребрена плакета-Јунаци на војната - јунаци на трудот“ од Сојузот на пензионерите / „Ликвидатор“ 1983 Награда 11 ОКТОМВРИ за животно дело 1984 Специјално признание „Во крупен план“ од Институтот за филм во Белград

Филмови: 1964 ПОМОШ НА МЕКСИКО ЗА СКОПЈЕ, сценарио, режија, документарен, Филмске новости 1964 ПОМОШ НА АНГЛИЈА ЗА СКОПЈЕ, сценарио, режија, документарен, Филмске новости, 1965 ДЕЦАТА ИМААТ ИСТА НАСМЕВКА И СОЛЗИ, режија, документарен, Филмске новости 1965 ЧЕХОСЛОВАЧКА ПОМОШ ЗА СКОПЈЕ, режија, документарен, Филмске новости 1965 БУГАРСКА ПОМОШ ЗА СКОПЈЕ, режија, документарен, Филмске новости 1966 БЛАГОДАРАМ ПРИЈАТЕЛИ-ПОМОШ НА РОМАНИЈА ЗА СКОПЈЕ, режија, документарен, Филмске новости 1978 МАКЕДОНИЈА ВО НОБ 1941-1945, режија, документарен, Застава филм Белград 1984 СТРЕЖЕВО, сценарио, режија, документарен, Вардар филм 1986 ОСЛОМЕЈ, режија, документарен, Вардар филм

Филмографија:

1947: Филмски прeглед бр. 1 ( Снимател, )
1947: Жито за народот ( Снимател, )
1948: Низ Пиринска Македонија ( Режија, Снимател, Сценарио, )
1948: Филмски преглед бр. 2 ( Снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 3 ( Снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 4 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 11 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 13 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 14 ( Снимател, )
1949: I конгрес на КПМ ( Режија, Снимател, )
1949: 11 Октомври ( Снимател, Сценарио, )
1950: Недела на националната култура ( Режија, Сценарио, )
1950: По долината на Вардар ( Режија, )
1951: Нашите први искри ( Режија, Сценарио, )
1952: Бели мугри ( Режија, )
1952: Фросина ( Асистент на режија, )
1953: Приказна за човекот и овците ( Режија, )
1953: Тито меѓу нас ( Режија, Снимател, Сценарио, )
1954: Втор конгрес на СКМ ( Режија, Снимател, Сценарио, )
1955: Волча ноќ ( Асистент на режија, )
1955: Ритам и звук ( Режија, Сценарио, )
1955: Попова Шапка ( Режија, )
1956: Скротена стихија ( Режија, )
1956: Човеку, не уништувај ме ( Режија, )
1957: Полог (економски преглед) ( Режија, )
1957: Полог (туристички преглед) ( Режија, )
1957: Мерино ( Режија, Сценарио, )
1958: Во пазувите на Шара ( Режија, )
1958: Мис Стон ( Сценарио, Асистент на режија, )
1959: Гигант „Маврово“ ( Режија, Сценарио, )
1959: Трет конгрес на СКМ ( Режија, )
1960: Шарпланинецот Мургош ( Режија, )
1961: Први Mај 1961 ( Режија, Сценарио, )
1961: Дојранско езеро ( Режија, Сценарио, )
1961: Птици и риби ( Режија, )
1961: 11 Oктомври 1941-1961 ( Режија, Сценарио, )
1961: 13 Ноември 1961 ( Режија, Сценарио, )
1962: Напуштени олтари ( Режија, )
1962: Тито меѓу нас ( Режија, )
1962: Страдни од вода - страдни за вода ( Режија, )
1962: Тито меѓу младината ( Режија, Сценарио, )
1962: Стихија ( Режија, Сценарио, )
1962: Бараме леб ( Режија, Сценарио, )
1963: Скопски репортер бр. 1 ( Режија, )
1963: Скопски репортер бр. 2 ( Режија, )
1963: Стопанството под ударот на катастрофата ( Режија, Сценарио, )
1963: Оваа пролет 1963 ( Режија, Сценарио, )
1963: Катастрофа, страдања, надежи ( Асистент на режија, )
1964: Додека владееше оризот ( Режија, )
1964: Поетот изгнаник ( Режија, )
1964: Скопски репортер бр. 5 ( Режија, )
1966: Темели на солидарноста ( Режија, Сценарио, )
1966: Град на две води ( Режија, Сценарио, )
1966: Охридскиот светилник - Климент Охридски ( Режија, )
1966: Малон ( Режија, )
1967: Македонска крвава свадба ( Режија, )
1968: Писмо од Скопје ( Режија, )
1968: Довикување на пролетта ( Режија, Сценарио, )
1968: Дебар 1967 ( Режија, Сценарио, )
1968: ХЦ „Глобочица“ ( Режија, )
1969: Републиката во пламен ( Помошник на режија, )
1969: Песталоци ( Режија, )
1970: Свадба на Шарпланинецот ( Режија, Сценарио, )
1970: Кирил и Методиј ( Режија, )
1970: Време за човекот ( Режија, )
1970: Мелиорации ( Режија, )
1970: Битолско поле ( Режија, Сценарио, )
1970: Скопје ( Режија, )
1970: Цинкарница ( Режија, Сценарио, )
1970: Струшко поле ( Режија, Сценарио, )
1972: 11 Октомври, фабрика за заварени цевки и профили ( Режија, Сценарио, )
1972: Град на човечко препознавање ( Режија, Сценарио, )
1974: Рацин ( Режија, Сценарио, )
1975: Кочо Солев Рацин ( Режија, )
1975: Вода, вода ( Режија, Сценарио, )
1975: Видувања ( Режија, )
1976: Во својот град ( Режија, Сценарио, )
1977: Нов живот ( Режија, Сценарио, )
1977: Пресуда ( Режија, )
1978: ХЕ Шпиље ( Режија, Сценарио, )
1979: Самопридонес ( Режија, )
1983: Ликвидатор ( Режија, Сценарио, )
1987: Хидромелиоративен систем „Струмица“ ( Режија, Сценарио, )
1987: Хидромелиоративен систем „Тиквеш“ ( Режија, Сценарио, )
1987: Хидромелиоративен систем „Брегалница“ ( Режија, Сценарио, )
1987: Хидромелиоративен систем „Пелагонија“ ( Режија, Сценарио, )
1988: Хидромелиоративен систем „Мантово“ - Радовиш ( Режија, Сценарио, )
1988: Хидромелиоративен систем „Струшко поле“ ( Режија, Сценарио, )
1998: In Continuo ( Режија, Сценарио, )

Награди: