< Назад

Ристевски Светозар

Биографија: (Велес, 26.01.1972 - ) Македонски филмски режисер кој живее во Канада.
Дипломира архитектура на Факултетот во Скопје. Во 1998 година се запишува на факултетот за Драмски уметности во Скопје на отсекот за Филмска и ТВ режија. За филмовите „Ловец“ и „Патници во втора класа“, како и за играните „Илузија“ и „Лазар“, има добиено неколку меѓународни награди на студентски и други филмски фестивали.


Награди: За филмот Радост на животот има добиено две меѓународни награди: најдобар документарен филм во меѓународна конкуренција на WCFF CA, USA и наградата на Hertie Foundation Prize GoEast FF - Wiesbaden, Germany за најдобар документарец.

Филмови:
1999 Патници во втора класа (сценарио и режија)
1999 Херои (краток игран, режија)
2000 Ловец (краток игран, 16мм, сценарио, режија)
2000 Велдпост Балкан (документарна серија на Холандската национална ТВ, режија)
2000-2001 Наше маало (ТВ серија за деца)

Филмографија:

2002: Радоста на животот ( Режија, Сценарио, )
2004: Илузија ( Режија, Продуцент, Сценарио, )