< Назад

Колозов Ѓорѓи

Биографија: (Богданци, 26.02.1948 - Скопје, 13.10.2003) Театарски, ТВ и филмски актер.
Најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ, во ТВ серијалот „Македонски народни приказни“. Уживал голема популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави.

Филмографија:

1971: Македонски дел од пеколот ( Споредна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1984: Нели ти реков ( Споредна улога, )