Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 12 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1983
Содржина: Можностите кои што ги нудат современите средства, повисокиот животен стандард и желбата за патување прават современите номади да бидат многубројни во летниот период, за време на годишните одмори. Филмот е снимен на граничниот премин кај селото Богородица на македонско-грчката граница. Колона од автомобили се враќаат во земјата сведочејќи за големата посетеност на грчките одморалишта со југословенски гости. Очигледен е заморот кај патниците и царинската контрола која има полни раце работа поради вообичаените купувачки страсти на Југословените. Конечно, во спарниот ден малку освежување донесува летниот дожд.
Автори:
Други соработници:
асистент тон снимател -- Диме Ангеловски
Фотографии: