< Назад

Чушкар Боро

Биографија: (Борис Чушкаров, Куманово, 28.01.1916 - Скопје, 19.09.1982) Македонски комунист. Основач и прв раководител на ОЗНА во СРМ. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје, во демонстрациите за одбрана на Чехословачка (септември 1938) бил уапсен, а подоцна интерниран во логорот Билеќа (јануари 1940). Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ. Во 1940 година станал член на КПЈ. Автор е на повеќе публицистички и историографски дела и оставил обемни мемоари.


Награди: 1959 ФЈДКФ, БЕЛГРАД, Втора награда за сценарио / „Прилеп, вчера, денес“

Филмографија:

1959: Прилеп, вчера и денес... ( Сценарио, )
1959: Препородени полиња ( Сценарио, )