Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 11 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1967
Содржина: Луѓето и фасадите имаат слична судбина, настануваат, постојат и исчезнуваат. Има различни луѓе и различни фасади, луѓе со фасада и фасади без луѓе. ИМА ЛУЃЕ СО ФАСАДИ... И ФАСАДИ БЕЗ ЛУЃЕ... ИГРА СО ЛУЃЕ И ФАСАДИ - телоп.
Утринска атмосфера во градот, раздвиженост на луѓето. Средни и доминантно крупни планови на ликови во исчекување, во барање, во рамнодушност... Компарирање на човечки ликови со средни планови и тотали на архитектурата што ги опкружува, односно со фасадите, од разиграни и нови до руинирани. Млади и стари луѓе, како и младоста и староста на куќите...
Автори: