Производство: ТВ ЗДРАВКИН - Велес
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: едукативен серијал
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 123 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2003
Содржина: Емисија за деца во пет епизоди, секоја епизода е за одредена тема. Група на деца разговараат за разни теми, посетуваат места и учат низ игра и забава Првата епизода е со наслов: „Патуваме, патуваме“, во која група деца од разни краеви на Македонија, разговараат за патувањето со различни превозни средства: воз, авион, брод. Во следната епизода „Роденден“, децата се спремаат за роденденска забава и одбираат подарок за нивната другарка. Третата епизода „Каде да си играме“ е за другарството. Епизодата „Танцот на лисјата“ се однесува на есента при што децата преку креативна игра изработуваат разни предмети од лисја. И во последната епизода,„Самарот на Марко“, децата се во посета на село и се запознаваат со стариот занает, самарџија.
Автори: