Производство: ТВ ЗДРАВКИН - Велес
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: репортажа
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 27 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2002
Содржина: Документарна телевизиска емисија за Велес, град во централна Македонија. Прикажан е градот низ историјата, неговата местоположба, потеклото на неговото име, преку фотографии и снимки. Првата населба, на место на денешен Велес, датира од 168 година п.н.е., под името Вилазора. Подоцна е преименуван во Ќупурли, кој е заменет со денешното име Велес, што значи влез-шума. За време на СФРЈ, ставена е додавката Титов, во чест на Јосип Броз Тито. Велес е лулка на македонската култура. Роден град на голем број преродбеници, поети, револуционери: Јордан Хаџи Константинов Џинот, Кочо Рацин, Васил Главинов, Ѓорѓи Шоп Трајанов, Петре Прличко и многу други. Знаменитости, по кои е познат градот се: Саат кулата, плоштадот Којник, црквите Св. Пантелејмон, Св.Спас, Св. Димитрија и др.
Автори:
Презентер на текст -- Зоран Крстевски