Производство: ТВ ИНТЕЛ - Струмица
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: биографски
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 46 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2002
Содржина: Документарна емисија за кавалџијата Велко Ѓорѓиев од село Штука, Струмичко. Тој е член на триото кавали „Струмички мераклии“. Покрај на кавал, тој свири и на хармоника, компонира, пишува поезија и обработува тутун. Велко зборува за својот живот и љубовта кон музиката. Како мал имал тежок живот во сиромаштија, морал да го прекине школувањето и да работи како овчар. Првата хармоника ја купил од Белград, собирајќи ја сета заштеда на своите родители. Истата таа хармоника ја продал за да купи запрежна кола, за да работи и да се прехрани. Подоцна почнал да свири на кавал, освоил голем број награди и признанија. Љубовта кон овој инструмент го пренел и на своите внуци. Има издадено неколку стихозбирки и учи да свири на тамбура.
Автори: