Производство: ТВ СИТЕЛ
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: репортажа
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 25, 27, 30, 28, 29, 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2002
Содржина: Документарна серија во шест епизоди за македонските манастири: ТРЕСКАВЕЦ, ЛЕСНОВСКИ, СВ.НИКИТА, ВЕЛЈУСА, КУРБИНОВО и СТАРО НАГОРИЧИНЕ. Даден е опис на секој манастир поединечно, неговата историја, ктиторот, надворешниот изглед и познати фрески и икони.
Во првата епизода ТРЕСКАВЕЦ прикажан е манастирот „Успение на пресвета Богородица“, во близина на Прилеп, на Марковите кули. Манастирот е подигнат на место каде во 6 и 7 век имало пагански храмови а подоцна и ранохристијански храм. Се претпоставува дека денешната црква е изградена во 13 век под ктиторство на цар Душан. Тоа е еднокорабна средновековна црква, со купола на средината. Живописот е од повеќевременски период а најстариот е од 14 век.
Во регионот на Злетово, во село Лесново, сместен е Лесновскиот манастир. Во манастирскиот комплекс се наоѓаат црквите „Св.Архангел Михаил“ и „Гаврил Лесновски“, која е возобновена во 1341 година од деспот Јован Оливер. Црквата е во форма на впишан крст во правоаголен простор. Живописот е од 14 век, од четворица мајстори. Името на главниот мајстор не е сочувано.
Третата епизода е посветена на манастирот „Св. Никита“ кој се наоѓа на Скопска Црна Гора. Во период од 1307 до 1320 година, црквата ја обновил српскиот крал Милутин. Црквата е со мали димензии во облик на впишан крст со купола на средината, фасадата е полихромна од камен, тули и малтер. Живописот е дело на познатите мајстори од тоа време, Михајло и Евтихиј. Карактеристика на нивното сликарство е мали глави и долги и вити тела.
Во четвртата епизода станува збор за манастирот „Богородица Милостива Елеуса“, сместен во с. Велјуса, Струмичко. Подигнат е во 1080 година, ктитор на манастирот е деспот Милутин. Манастирскиот комплекс се протега на површина од 3.600 метри квадратни, црквата е во византиски стил. Сочуван е мал дел од живописот кој потекнува од 11 век.
Црквата „Св. Ѓорѓија“ во Курбиново е мала еднокорабна црква од византискиот период. Нејзина најпозната фреска е „Слегување во пеколот“.
Последната епизода СТАРО НАГОРИЧИНЕ се однесува на „Св.Ѓорѓија“, црква во близина на Куманово. Се претпоставува дека е изградена во 14 век, на темелите на старата црква од 11 век. Изградена е во византиски стил, во форма на впишан крст во правоаголно пространство.
Автори: