Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 14 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 0
Година: 1963
Содржина: Само еден час по катастрофалниот земјотрес кој го запре животот во Скопје на 26 јули 1963 година, снимателите ги забележаа на филмските ленти сиот ужас и размерите на катастрофата. Следат и снимки за напорите на спасителите да ги извлечат повредените под урнатините, како и многубројните жртви за кои немаше спас. Помошта пристигнуваше од сите страни на светот. Во првите денови по катастрофата беше извршена евакуација на најмладите жители од градот.
Автори:
Фотографии: