< Назад

Водоча - гордост на нашите предци

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2000

Содржина: Телевизиска емисија за манастирскиот комплекс „Св. Леонтиј“ во селото Водоча, во близина на Струмица. Зборуваат Митрополитот - господин Наум, Отец Пимен - Игумен на манастирот и др. Елизабета Димитрова. Снимени се кадри од екстериерот и ентериерот на црквата, потоа кадри од манастирските служби, манастирската трпеза, инсерти од околината на манастирот, кратки инсерти од монахињите од манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во селото Велјуса. Особено е истакнат историјатот на манастирот, преку кажувањето на Отец Пимен. Исто така, има и значајни податоци за потеклото на името на селото, информации за светиот маченик Леонтиј, на кој е посветена црквата, потоа претпоставките и релевантните сознанија за развојот на архитектонските форми на црквата во манастирот, како и ликовните одлики од средновековната епоха, детално објаснети од др. Елизабета Димитрова. Според расположливите податоци, почнувајки од деветти век, манастирот е рушен, и повторно граден, дури четири пати.

Автори: