< Назад

Исламската архитектура во Битола

Производство: ТВ Орбис - Битола

Земја на потекло: Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 42 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 1999

Содржина: Приказ на Битола и архитектурата во градот, во две емисии. Особен осврт е даден на влијанието на исламската архитектура во градот, кој паднал под османлиска власт кон крајот на 14 век. Во овој период во градот почнале да се градат: амами, чешми, фурни, занетчиски дуќани, џамии, медреси и други објекти. Симболи на градот од тој период, кои и денес постојат, се: Безистенот од 15 век, Саат кулата од 17 век, Алаџа амам (Шарениот амам), Чифте амам, Военото училиште, во кое учел Кемал Ататурк, гимназијата, Домот на културата, Зандан кулата, Дебојот, како и голем број џамии. Преку екстериери и ентериери, прикажани се нивните архитектонски карактеристики и ликовните и градителските специфичности. Особено е важно градителското наследство на овие монументални објекти. Освен тоа, добиваме и изобилие информации за одредени локации, пазари, број на дуќани и други специфични поединости, поврзани со историјата на Битола, како и за личностите кои ги граделе или ги поседувале овие објекти.

Автори:


Други соработници :
музичка илустрација -- Панде Талески-Папец, Кирил Тодоровски
наратор -- Петар Горко