Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 14 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1965
Содржина: Еднодневен престој на камерата во секојдневието на едно бифе. Во бифето „Прогрес“, сместено до едно скопско пазариште, секојдневието е исполнето со постојана клиентела пензионери, кои во игрите со карти и со домино се зафатени од страсти коишто со начинот на комуникацијата ги доближуваат до детското однесување. Денот минува и атмосферата во бифето станува се пожешка поради алкохолот и забавата која ја нуди малиот оркестар со пеачка. Старците ги забораваат годините, па се предаваат на ритмот што им го нуди музиката... Доцна навечер бифето ги затвора вратите и последните гости заминуваат заемно помогајќи си, како што впрочем, и пишува на ѕидот од бифето: „Пролетери од сите земји, обединете се!“. Помина уште еден ден, а следниот, веројатно, се ќе биде исто како и во претходниот.
Автори: