< Назад

Попис на македонската печалба

Производство: Интернационал драма студио

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: документарен серијал

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 25; 33; 29; 28; 31 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2002

Содржина: Документарна програма во пет епизоди, за напуштените македонски села: Сливница, Чаниште, Брајчино, Ѓавато и Брод. Прикажани се разрушени и празни куќи, училишта, цркви и гробишта.
Во првата епизода со наслов СЛИВНИЦА СЕЛО БЕЗ СЕЛАНИ, жител на с. Сливница зборува за иселувањето на жителите во Австралија и како од големо село сега има само двајца жители. Втората епизода ЧАНИШТЕ СТАНА И ПЕПЕЛИШТЕ е за с.Чаниште. Еден од малкуте жители кои останале во селото зборува за тоа како селото го добило името. Каков бил животот во минатото, за одењето на печалба и иселувањето на селаните. Третата епизода, НЕ БАРАЈ МЕ ВО БРАЈЧИНО е за с. Брајчино. Низ селото не води Брајчинец, кој живее во Скопје. Четвртата епизода, ЃАВАТО-АМЕРИКА ГО ИЗГРАДИ, АВСТРАЛИЈА ГО ЗАПУСТИ е за с. Ѓавато. Жителите кои останале во селото, зборуваат за одењето на печалба на своите блиски роднини и како тие останале во напуштеното село. Живко Гаговски, останал да живее во селото и одгледува кози. Петтата епизода, БРОД-САМО ШТРКОВИТЕ СЕ ВРАЌААТ е за селото Брод. Селаните раскажуваат за животот во селото и за тоа како уште нивните прадедовци заминале на печалба во Америка.

Автори:


Текстот го читаше -- Томе Витанов