< Назад

Облиците на животот

Производство: ИМИКА

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 50;50 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2003

Содржина: Документарна програма во две епизоди : ЖИВИОТ СВЕТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: ОХРИДСКА ПАСТРМКА и ГОВОР ОД СЕЛОТО РАДОЖДА.
Првата епизода е за Охридското Езеро, и за пастрмката како ендемичен вид. Особено е нагласена опасноста од нејзиното изумирање, како и за ловокрадците, за начинот на ловење и вештачкото мрестење на пастрмката. На овие и други теми зборуваат: Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод во Охрид, Мирослав Сулоски-рибар, Дејан Пановски од проектот за заштита на Охридското Езеро, Андреас Матзингер-научник од Шведска, Милчо Сајчевски -А.Д. Охридска пастрмка, рибари од с.Пештани и др.
Втората епизода е за специфичностите на јазикот/дијалектот кој го користат жителите на селата Радожда и Вевчани. Прикажано е рибарско семејство од с. Радожда. Членови на семејството зборуваат за секојдневниот живот а најмногу за риболовот.

Автори: