Производство: ТВ СИТЕЛ - Скопје
Земја на потекло: Р.Македонија
Жанр: играна серија
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 37;37;38;36;90 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година:
Содржина: Играна серија во пет епизоди, со теми од секојдневниот живот: пари, љубов и разни интриги.
1. СЕДУМКА-Првата епизода е за Трпе, кој има проблеми со пиењето, оштетена му е јетрата и докторот му „дава“ уште шест месеци живот. Тој живее сам, нема ни куче ни маче ниту пари за кирија. Работите се менуваат кога добива на лото.
2. Во втората епизода со наслов ЉУБОВ, Тото сака да му ја “мести“ на Трпе, Мара, која му е сестра, за да му ги земат парите откако ќе умре за шест месеци. Мара тргнува во „лов“ и набрзо успева да го однесе пред олтар.
3. ТИ МЕ ТРУЕШ е насловот на третата епизода. Трпе и Мара веќе две години се во брак. Мара мисли дека Трпе сака да ја отруе, а тој и става “шпанска мушичка“ за да добие сексуален нагон. Мара и брат и смислуваат план како да се ослободат од Трпе.
4. ЗАГОВОР-Во четвртата епизода Мара и Миле Мрсул, кој е платен убица, се договараат за илјада евра да го удават Трпе. Планот не им успева зочто Трпе знае да плива.
5. СРЕЌА Во последната епизода од серијата Трпе се дознава и за планот да го убијат и да му ги земат парите....
Автори:
Улоги: Бранко Бенинов, Ване Крстев, Андон Јовановски