Производство: Фрамеин
Земја на потекло: Република Македонија
Род: Краток игран филм
Времетраење: 24 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2016
Содржина: Филмот е приказна за едно типично албанско семејство од Македонија, во кое традиционалните семејни практики и начин на живот се наследуваат од татко на син. Таткото, стар и на смртна постела, го советува постариот син дека преку труд и напорна работа ќе се сочува имотот и ќе се обезбеди подобра иднина на неговото семејство. За него, земјата е бесцената. Еден месец по смртта на таткото, на гробот се појавува помладиот брат Лис. Тој осум години живее во некоја од западноевропските земји, а во меѓувреме изгубил и контактот со своето семејство. Вистинската причина поради која тој се враќа во селото, е да продаде дел од имотот и да ги исплати долговите на луѓе од подземниот свет. Во овој филм всушност, станува збор за двајца браќа, кои поради лични интереси, доаѓаат во конфликт во однос на традиционалналниот наспроти модерниот начин на живеење.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Награди: 2017, Недела на албански филм, Њујорк, награда за најдобар краток игран филм
Автори:
Други соработници :
извршен продуцент -- Горан Цветковиќ
шминкер и фризер -- Љупка Мишевска
кастинг директор -- Арбен Фејзулаи
координатор на продукција -- Симона Тоскиќ
2 Ас. на режија -- Горан Цветковиќ
гардеробер -- Мирсад Абази
менаџер на локација -- Агрон Фејзулаи
декоратер на сет -- Мериета Абази
реквизитер -- Фатмир Селими
водач на статисти -- Арбен Фејзулаи
ас. на продукција -- Денис Мемеди
визуелни ефекти -- Ерман Мемеди
осветлител -- Сашо Марковски
статисти : Аледин Османи, Ридван Реџепи, Валон Исени, Феми Деари, Фатмир Селими, Анида Зеќири, Арон Арифи