< Назад

Албански народни приказни

Производство: ТВ Коха

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: документарен

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 167 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2003

Содржина: Телевизиска серија во 9 епизоди.
ТРИ СОВЕТИ ОД СТАРЕЦОТ е насловот на народната приказна за војникот кој заминува во војна и трите мудрости што ги добива од старецот: „по краткиот пат не оди“, „во матна вода не влегувај “ и „вечерната лутина остави ја за наутро“. Момчето ги почитува советите на старецот и тоа му се исплатува.
ЦАРОТ И МАГИЈАТА НА ВЕШТЕРИТЕ - Вештерите прават магија на бунарот во кралството и како народот пие од водата почнува да се буни против добриот цар. Магијата на вештерите го тера народот да изберат лош цар. За среќа магијата навреме е откриена.
ЖЕНАТА И РИБИТЕ е насловот на третата приказна во која се зборува како еден маж ја тепа својата жена. Бабата ѝ дава совет на жената како да се справи со насилниот сопруг. Со итроштина таа му се одмаздува за сета неправда што ѝ ја направил.
КРАВАТА, СТАРЕЦОТ И КРАЈОТ НА СВЕТОТ - Тројца пријатели сакаат да го надмудрат старецот со кравата. Тие му велат дека доаѓа крајот на светот и треба да ја заколе кравата. Старецот ќе ги послуша но, потоа толку ќе ги надмудри тројцата пријатели што ќе зажалат што смислиле таква шега.
СОКОЛОТ И ДУХОТ е приказна за најмалиот од тројцата браќа кој заминува на печалба со само педесет гроша. Тој уште по патот ја покажува својата добрина помагајќи им на луѓето. Неговата добрина се исплати и тој се жени со царевата ќерка.
ШТО ЗНАЧАТ СТАРЦИТЕ - Стариот татко го моли својот син да го однесе на местото каде умираат старите. Со течко срце синот се согласува но, кога ќе пристигнат до бездната каде треба да го турне својот татко се предомислува. Го враќа старецот дома и скришно го негува. Мудроста на старецот му го спасува животот. Кога му раскажал на царот од каде му се мудрите решенија, царот наредува да не се убиваат старците туку да ги подучуваат младите.
ПОСЛЕДНА ЖЕЛБА е народна приказна за тоа како да се воспитуваат децата. Додека синот краде мајката го подржува и штити. Кога кадијата разбрал за момчето што краде, наредил да го фатат и да му судат. Последната желба на момчето е да ја види мајка му. Пред да го погубат тој ѝ вели: „Да ме истепаше кога ја украдов првата јаболка немаше да завршам на бесилка“.
ДВАЈЦАТА АРАМИИ И ЦАРОТ - Царот издал наредба да се фатат сите крадци во царството.
ЛЕКАРОТ И СМРТТА Еден човек ја повикувал смртта да дојде и да го земе. Смртта доаѓа со тефтер и му вели дека не е на списокот за умирање. Наместо смрт му нуди заедничка работа, да биде лекар а тој ќе кажува кој е за умирање а кој ќе оздрави.

Автори:


Актери : Флора Кадриу, Чезмедин Нуредини, Елхаме Билали, Зијадин Муртези, Арсим Калеци, Музафер Етеми, Арианит Шеќири, Ќазмедин Нуредини