Производство: ТВ КИСС - Тетово
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: документарен
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 20; 20; 20; 20 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2002
Содржина: Документарна програма во четири епизоди за старите занаети во Македонија, кои се во изумирање.
Првата епизода ТЕРЗИИ е за Гојко Дамјан Станоевиќ, терзија од Тетово кои со децении изработува народни носии. Тој зборува за убавините на овој занает кои претставува своевидна уметност. Неговиот син Предраг Станоевиќ е млад терзија но сеуште ги користи старите алатки од своите предци за изработување на носиите: аршин-наместо метро, рачно изработени ножици и рог од елен за отварање илики.
ЌУРЧИЈАТА БОРИС е насловот на втората епизода. Борис е ќурчија многу години. Тој раскажува како се изработуваат производи од кожа и крзно. Колку работа имале во минатото а колку денес.
Третата епизода КОВАЧИ e посветена на семејството Умери, коe со генерации се ковачи и занаетот го пренесуваат од колено на колено. Тие изработуваат: потковици, секири, ножеви... Зборуваат членовите на семејството Рувче, Енвер и Шани.
КОПАНИЧАРОТ БУДЕ е насловот на последната епизода. Станува збор за Будимир Апостолски од Тетово, по професија ликовен уметник, кој е посветен на копаничарството. Тој зборува за своите дела кои ги има во голем број а највпечатлива е вратата од ореово дрво, изработена во плитка резба, во црквата „Св.Атанасиј“ во село Сараѓино.
Автори: