< Назад

Академци од тетовско и гостиварско

Производство: ТВ КИСС - Тетово

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: документарен

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 30; 22; 30; 30; 30 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2001

Содржина: Документарна програма во пет епизода посветена на академците: Ксенте Богоев, Младен Србиновиќ, Тодор Скаловски, Харлампие Поленаковиќ и Александар Матковски. За нивниот живот и дело зборуваат нивни колеги, пријатели и членови на семејствата.
Првата епизода е за академик Ксенте Богоев, роден во село Леуново. Се школувал во Скопје и Белград. Бил професор на Економскиот факултет во Скопје, каде бил декан и продекан, како и ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Бил и Гувернер на Народна Банка на Југославија. Бил член а подоцна и претседател на Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ), уредник на Економската енциклопедија... За Ксенте Богоев зборува академик Никола Узунов.
Втората епизода е за академскиот сликар Младен Србиновиќ. Тој е роден во гостиварското село Сушица. Како дете се сели во Белград каде се школува. Бил учесник во НОБ. Работел како професор и бил член на МАНУ. Изработувал витражи, мозаици и уметнички слики. За неговиот творечки опус зборуваат професор д-р Станислав Живковиќ и академок Влада Урошевиќ.
Третата епизода му е посветена на Тодор Скаловски, истакнат македонски композитор и диригент. Роден во Тетово, потекнува од музичко семејство, се образува во Белград, а на осумнаесет години ја создал својата прва композиција. Тој е автор на mакедонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Бил уредник во Радио Скопје и диригент на Македонската филхармонија. За него зборуваат: Драган Шуплевски, Ивица Зориќ и Тома Ристоски.
Четвртата епизода е за професор д-р Харлампие Поленаковиќ од Гостивар. Харлампие Поленаковиќ има голем придонес во областа на филолошките науки и историјата на македонската литература. За неговата дејност зборуваат: проф. д-р Георги Сталев и проф. д-р Томе Саздов.
Последен во оваа низа академци е Александар Матковски од Крушево, прв доктор по историски науки од Македонија, член на МАНУ. Работел во Институтот за национална историја, истакнат ориенталист. За него зборуваат: Блаже Ристовски, Виктор Мизрахи и Полксена Матковска.

Автори: