Производство: „Наше Маало“ - Скопје, New moment Video House - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Род: Краток игран филм
Времетраење: 19 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2009
Содржина: Во овој мистериозно мрачен филм со крвави елементи и доста тензични моменти, се истражува суштината на стравот. Еден конструктивен начин за негово третирање и соочување со истиот. Човек се буди среде темна и изолирана шума. Наоколу нема знаци на цивилизација. Нема спомени од минатото, нема идентификација. Во еден напуштен објект пронаоѓа уплашена девојка. Тој ја напушта, ѝ ветува дека ќе се врати откако ќе најде помош или кога ќе дојде до некое сознание што се случува. Во шумата ќе наиде на остатоци од масакрирани човечки тела. Насекаде се слушаат застрашувачки звуци. Се враќа назад кај девојката и разговараат. Таа му раскажува дека има далечни спомени од него, но на ништо не се сеќава. Во мракот тие чувствуваат дека некој ги набљудува и почнуваат да бегаат од безличните гонители. Тој се спротивставува на еден од нив и добива силен удар. Таа го крие. Се случува уште еден масакр. Тој се буди и знае дека таа еднаш му помогна. Во огромна сала, покрај еден ѕид на кој со крв е испишан зборот – СТРАВ, ја пронаоѓа девојката мртва. Тука е крајот на неговиот страв, подготвеноста за соочување и конечното ослободување.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Награди:
2009, Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Награда МосФилм
2009, Скопски филмски фестивал, Награда за најдобар краткометражен филм на Балканот
2009, Меѓународен филмски фестивал „Астерфест“, Награда за најдобар краткометражен филм
Автори:
Други соработници :
пост продукција -- Марко Ѓоковиќ
продукциски асс. -- Филип Андонов, Махир Демир
арт директор -- Срѓан Митровиќ
шарфер -- Дуле Кардалевски
нарација -- Маргарита Столевска
шминкер -- Горан Игњатовски
ас. шминкер -- Марија Ленчевска
клапер -- Филип Јорданов
стедикем снимател -- Фахрудин Смаилагиќ
микроман -- Дарко Бошковски
осветлители -- Марјан Спасовски, Тале Јовановски
фар-мајстор -- Тале Јовановски
визуелни ефекти -- Дамјан Митревски, Даниела Мус
супервизор на виз.ефекти -- Дамјан Митревски
Поддржано од Агенција за филм на Република Македонија.