< Назад

Кафеана

Производство: Лина Р Прес Продукција

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 14 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2013

Содржина: Дејствието на филмот се одвива исклучиво во ентериер на кафеана. Прикажани се животите на тројца редовни посетители на кафеаната, кои се и неженети. Судбините на тројцата се поврзуваат со келнерката Мрика, која кокетира со тројцата мажи. Како антипод на тројцата ергени, се појавува младото момче, наречено со погрден збор „Шмокле“. Неговата појава на крајот на филмот, ја разгатнува идејата на режисерката, дека секогаш постои можност лицето кое не е почитувано и служи за подбив, да заработи многу пари и да стане почитувано, само врз база на стекнатото богатство. Потоа, на виделина излегува и тоа дека некои жени се поитри или го чекаат вистинскиот момент да се поврзат со богати луѓе, наместо со „пропаднати пијаници“. Таков е примерот со младата келнерка по име Веса, која одбира да се дружи со некогашниот „Шмокле“, а сега богат човек.

Напишано од Арсим Љесковица

Автори:


Филмот е финансиран со средства од Агенција за филм на Република Македонија.

Фотографии: