Производство: ТВ БТР - Скопје
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: историска репортажа
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година:
Содржина: Документарната емисија започнува со поемата „Јама“ од Иван Горан Ковачиќ, во која се зборува за страдањата на народите за време на Втората светска војна. Алишан и Рамиза Хамид, зборуваат за својот татко и чичко, Рамиз и Хамид Хамид, учесници во НОБ, кои ги положија своите млади животи за слободна Македонија. И за тоа колку државата се грижела за децата на паднатите борци. Две училишта во општината Шуто Оризари го носат името на овие истакнати борци. За малтретирањата и понижувањата што ги претрпело Ромското население, како најпонижувана раса, за време на Втората светска војна, говорат сведоци. Тие биле деца пред чии очи се случувале силувања, прогони и омаловажувања врз Ромите.
Автори: