< Назад

Беровскиот трибун

Производство: ТВ ВИС - Струмица

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: историски

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 33 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2005

Содржина: Документарна емисија посветена на Димитар Поп Ѓорѓија Беровски (1840-1907), истакнат македонски револуционер. Потекнува од имотно свештеничко семејство. Во Одеса се школува во духовно училиште од каде го протеруваат. Оди во Белград во воено училиште, без знаење на неговите родители. По смртта на татко му, се враќа во Берово, каде работи како учител. Учествува во црковните борби против грчките фанариоти и се залага наставата во училиштата да се одвива на македонски јазик. Откако бил наклеветен од грчките владици, пребегнал во Цариград, а потоа во Солун, каде формира кружок за организирање востанија против турската власт. Организатор е на Разловечкото востание (1876), учествувал во организацијата на Кресненското востание (1878) и бил избран за началник на Востаничкиот штаб. Иницијатор е за возобновување на Охридската Архиепископија. Емигрирал во Бугарија каде останал до крајот на животот.

Автори: