Производство: ВТВ - Валандово
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: репортажа
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2005
Содржина: Документарна емисија за гевгелиското село Ума, населено со Македонски Власи. Ванчо Николов, жител на селото, зборува за историјата и местоположбата на селото. Населението во Ума најчесто се занимава со одгледување кози, собирање и продавање на дрва, и производство на компири и пченка. Струма Петрова, пее влшки песни. Детално е прикажана и опишана селската трикорабната црква „Св.Пантелејмон“. Црквата е изградена во 19 век, на темелите на постара црква, а денес е возобновена. Фреските и иконите потекнуваат од 1862 година. Ѓорѓе Николов, зборува за училиштето во селото. Во поново време во селото се враќаат се повеќе жители, градат нови куќи или ги обновуваат старите. Еден од нив е Перо Јованов, кој секој слободен момент го поминува во селото, уживајќи во преубавата природа и клима.
Автори: