< Назад

Несудениот радовишки делегат на АСНОМ

Производство: ТВ ЕМИ 2005

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 30 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2005

Содржина: Документарна емисија за дедо Дане Трајков, кој земал значајна улога во антифашистичката борба против германскиот и бугарскиот окупатор во Радовишко. Дане Трајков (1876-1944), сточар од село Шипковица, по фашистичката окупација 1941година, веднаш почнал да соработува со ослободителното движење. На планината Плачковица криел илегалци и партизани и разнесувал оружје. Организирал партизанска болница за време на пролетната офанзива. Во болницата работеле лекарите Ѓорѓи Камчев и Страхил Панов. Заедно со дедо Дане, се грижеле и лекувале ранети и болни. Во јуни 1944 година, бил стрелан од фашистите во близина на селото Козбунар, 25 дена пред одржувањето на првото заседание на АСНОМ. За животот и активностите на дедо Дане Трајков, зборуваат неговиот син Јордан и Сотир Шукриев, претседател на здружението на борци од Радовиш.

Автори:


спикер -- Верка Јонческа