< Назад

Под лупата на старите патеписци

Производство: ТВ КТВ 41 - Кавадарци

Земја на потекло: Р. Македонија

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 31 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2005

Содржина: Документарна програма за патеписците кои поминале, живееле и пишувале за Кавадарци. Петре Камчевски, виш кустос историчар, опширно зборува за патеписците по периоди, кои оставиле пишани белешки за Кавадарци од историско, географско и етнолошко значење. Прв кој го споменува Кавадарци, во 17 век, е Евлија Челебија. Тој го опишува Кавадарци како мало место од 300 куќи, 3 џамии и мешано население од христијани и муслимани. Во тоа време Кавадарци бил познат по баја-аба, ткаенина од која се изработувале наметки за богатите. Патеписецот Али Буе,оставил интересни податоци за убавите сорти грозје, но и за тоа дека во Кавадарци не се прави добро вино. Во белешките на патеписците Јохан Хан и Атанас Шопов, исто така се споменува овој град. Александар Башмаков, ги забелажал сите обичаи на една христијанска свадба. За него, најкаректеристично е свирењето на гусла и насилството од страна на Турците, што го вршеле врз христијанското население. Јован Цвииќ, дава податоци за лозарството во Кавадарци. Николај Сурин, претстојувал 3 години во Кавадарци. Ги опишува црквата „Св.Димитрија“, Полошкиот манастир и чифликот на Цајзер во Криволак, на кој се произведувал катран. Милован Савиќ,во своите белешки го опишал производството на афион, кој бил со многу добар квалитет. А Воислав Радовановиќ, дал историски преглед на Кавадарци во распон од 200 години.

Автори:

Снимател: Кузманов Зоран
Сценарио: Данов Ангел

Текстот го читаше -- Ангел Данов