< Назад

Исти доживувања од различни перспективи

Производство: АрНел

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: репортажа

Род: Документарен филм

Времетраење: 75 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2020

Содржина: Филмот е посветен на бегалците од Босна, Косово и Сирија, и воопшто на сите луѓе кои страдале во војните. Во фокусот се жената од Босна, по име Нијаза, албанецот од Косово, Бејтула, и момчето од Сирија по име Јусуф. Со нивните непријатни судбини, нивните искази, перипетии, страдања и емоциите кои еманираат од самите лица, е невозможно да не сочуствуваме. Неслучајно авторот врши интервју токму со овие лица. На Нијаза ѝ починал сопругот а на Бејтула сопругата. Момчето Јусуф не се искушило со губење на член од семејството, туку неговото младо лице е пола изгорено од несреќа при струен удар.

Напишано од Арсим Лесковица

Автори:

Директор на фотографија: Џикоски Влатко
Сценарио: Абдули Сенад
Асистент снимател: Фејзули Бесир

Други соработници :
колор -- Леотрим Идризи
постпродукција (звук) -- Дарко Спасовски

Филмот е подржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија

Фотографии: