Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,30 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1946
Содржина: ПРИЛОГ 1 - МАКЕДОНИЈА - БОРБА ПРОТИВ МАЛАРИЈА /
Прилог за борбата против маларијата и исушување на мочуриштата во Македонија. Во тотал, со швенк на десно, камерата регистрира мочуришта, легла на комарци и маларија. На иницијатива на властите и населението, се врши исушување на мочуриштата заради спречување на маларијата. Во заштита на населението од болестите кои ги причинуваат мочуришните инсекти, масовно учествуват жители на цели села. Следуваат кадри од рачно ископање на канали. Во последниот кадар од прилогот, во тотал, се забележува ископан канал.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: