Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1946
Содржина: ПРИЛОГ 2 - МАКЕДОНИЈА - БОРБА НА ПЕЛИВАНИТЕ /
Филмскиот преглед содржи прилог за една боречка вештина кој има долга традиција во Македонија, а која посебно ја негуваат припадниците на муслиманската религија. Младинското фискултурно друштво „Љуботен“, за прв пат по ослободувањето ја обновува борбата на пеливаните. Најнапред, во среден план од горен ракурс, прикажано е пристигнувањето на гледачите кои ќе ја следат манифестацијата. Хероите, Зулфа Локман од Студеничани и Јахи Пеливани од Долно Количани, голи до половина и во кожни пантолони, се спремаат да се впуштат во предизвикот. Меѓу посетителите на настанот е прикажан и еден маж кој носи овен на грбот. Победникот во борбата, според старите традиционални обичаи, го добива овенот. Потоа, се редат кадри од борбата на отворен тревен терен. За правилата на борбата се грижи судија, стариот Расим Пеливани од Скопје. Пеливаните се борат во придружба на зурли и тапани.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: