Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,52 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1946
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ОХРИДСКИ РИБАРИ /
Прилогот опфаќа сторија за риболовот на Охридското Езеро. Во почетниот кадар во далечен тотал, камерата швенкува на десно по езерото. Потоа во полутотал камерата со швенк на лево прикажува рибари на брегот на езерото кај селото Пештани. Рибарите ги крпат долгите мрежи и се подготвуваат за риболов. Потоа, со чунови заминуваат на риболов. Рибарите од село Пештани со помош на народната власт основале здружение, преку кое се обезбедува дневница за рибарите кога одат на риболов. На крајот, од горен ракурс, прикажан е уловот на охридската пастрмака.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: