< Назад

Кавал

Производство: ТВ Студио 7 - Скопје

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Род: Анимиран филм

Времетраење: 11 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2020

Содржина: Краток анимиран филм за едно дете кое секое лето оди на гости кај баба му и дедо му во едно планинско село. Детето додека е мало си игра во природата, ги гледа планините, цвеќињата и пеперутките. Ужива во прегратките на баба му и во звукот на кавалот, додека свири дедо му. Внукот и самиот се обидува да свири на кавал, но повеќе го користи кавалот како дурбин низ кој ја набљудува природата. Кога ќе порасне продолжува да ги посетува своите стари баба и дедо, но сега е со својот лап топ и слушалки на ушите. Не го слуша звукот на кавалот и не ја гледа убавата природа околу себе. Еден ден, седејќи во својот стан во градот, одмарајќи се од секојдневните обврски и гратскиот метеж, погледнува низ вистински дурбин и гледа во ѕидот на соседната зграда. Тогаш разбира што пропушта. Заминува кај баба му и дедо му и самиот го зема кавалот да засвири.

Автори:


Други соработници :
Извршен продуцент -- Кети Јоанидис Шекеринова
Креативен директор -- Саша Станишиќ
Концепт артист -- Јасна Николовска Овчаровска
Цртач на ликови -- Јасна Николовска Овчаровска
Цртач на позадина -- Јасна Николовска Овчаровска
Аниматор за 2 Д – дигитална анимација -- Владимир Овчаровски
Визуелни ефекти -- Владимир Овчаровски
Кавал -- Драган Спасов
Аранжман на музика -- Коста Мичевски
Студиско снимање на музика -- Горан Спасевски
Обработка на звук -- Зоран Павлоски
Специјални ефекти -- Станислава Бергер Мичевска
Асистент на продукција -- Бошко Петров
Ранер -- Мирјана Моневска
Возач -- Емил Петруш
Вокал за тонско снимање на амбиетални звуци -- Ангелина Наумовска
Изнајмување опрема за снимање -- Teranet Solutions
Благодарност до Media Tag продукција и Музичка група Калавела

Поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија

Фотографии: