Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 2 минути
Тип: Филмска лента
Техника: Стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1947
Содржина: ПРИЛОГ 1 - КАЈ РИБАРИТЕ ВО ДОЈРАН /
Прилогот следи подготовки на рибарите и начин на ловење риба на Дојранското Езеро. Најнапред во тотал смимателот го прикажува езерото кон планината Беласица. Потоа, следуваат подготовки на рибарите, плетење на кошари од трска и прачки. Со трската се оградуваат водени простори, наречени мандри. Од северните краишта на есен долетуваат водените езерски птици корморани и на специфичен начин помагаат во ловење риба. Освен овој начин, голема количина на риба се лови со помош на мрежи. Рибарите во Дојран се организирани во здруженија, кои им носат поединечна заработка. На крај, во крупен план од горен ракурс, снимателот регистрира улов на познатиот дојрански крап во плетени кошници.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори:
Снимил: М. Вучиќевиќ