Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,20 минути
Тип: Филмска лента
Техника: Стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1947
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ПРОВОКАТОРСКО ЗЛОСТОРСТВО НА ГРЧКИТЕ МОНАРХОФАШИСТИ /
Прилогот е снимен во Воената болница во Скопје. Тешко ранетиот водник Тушан Љубенко, од пограничната караула 130, е пренесен на лекување во Скопје. Тој е повреден при злосторничкиот напад на југословенската граница од грчките монархофашисти. Кадри од санирање на повредите на ранетиот водник. Антифашистките од Скопје го посетуваат повредениот и му носат дарови. На крај од прилогот следи информацијата за меморандумот, кој владата на ФНРЈ го упатла до Советот за безбедност, по барање на народот за спречување на злосторствата и најстрого казнување на злосторниците, чии провокации го загрозуваат мирот во светот.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: