Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,40 минути
Тип: Филмска лента
Техника: Стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1947
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ПРОВОКАТОРСКА ПОВРЕДА НА НАШИТЕ ГРАНИЦИ /
Панорамска снимка на погранично село на грчко-југословенската граница. Во среден план е караулата бр.130, место каде е извршено злосторство на грчките монархофашисти. Во нападот се ранети и убиени чуварите на југословенската граница. Во неколку кадри се забележуваат траги од нападот и е прикажан лесно ранетиот војник Серафим Милошевски. Пред караулата, на местото каде е убиен заставникот Милош Јанковиќ, неговиот татко разговара со граничарите. Од среден план со швенк на десно, преку менување на планови во кои преовладува горен ракурс, прикажано е испраќањето на мртвото тело на заставникот Милош Јанковиќ. Последните кадри од прилогот се од протестот по повод злосторството, со опомена до непријателот за жестоко спротиставување на секоја провокаторска повреда на границата.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: