< Назад

Филмски новости бр.77/47

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Род: Журнал

Времетраење: 1,40 минути

Тип: Филмска лента

Техника: Стандард

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1947

Содржина: ПРИЛОГ 2 - МАКЕДОНИЈА - ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПЛАНОТ /
Краток информативен прилог за исушување на Моноспитовско Блато и изградба на Младинскиот канал. Како дел од петогодишниот план за исушување на 400.000 м2 мочуришно земјиште, Народната младина на Македонија се вклучува во ископување на каналот долг 25 км. и изградба на 15 мостови. Во спроведување на интензивните активности учествувале околку 8000 младинци и младинки. Со менување на планови и користење нормален и горен ракурс, прикажан е стартот на младинските бригди, површини под вода и трска и дел од активностите во ископување на канал, во подножјето на планината Беласица.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:

Снимател: Попов Трајче

Фотографии: