Производство: Македонска крепост
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: биографски
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2003
Содржина: Документарна програма за Трајче Попов (Велес, 1923- Скопје, 2007) македонски режисер, снимател и сценарист. Зборува за детството во Велес, првиот фотоапарат и талентот за фотографирање од најрана младост. Во 1936 г. татко му му купува фотоапарат. За време на Втората светска војна прави многу фотографии, подоцна ги користи за изложби. Некои од фотографиите ги објавува во весникот „Нова Македонија“. Во 1945 г. завршува курс по новинарство и станува дописник на „Танјуг“. Потоа заминува за Белград и завршува курс за сниматели и режисери. По враќањето во Македонија снима 35 илјади метри материјал за бегалската криза од Егејска Македонија. Прави многубројни снимки за време на земјотресот во Скопје 1963г. и обновата на градот по земјотресот. Зборува за тоа како ги снимал некои од своите документарни филмови: „Ликвидатор“, „Свадбата на шарпланинецот“, „Довикување на пролетта“ и др. Како и играните филмови „Македонска крвава свадба“ и „Пресуда“.
Автори: