Производство: Македонска Крепост
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: биографски
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM:
Година: 2003
Содржина: Документарна емисија за Есма Реџепова-Теодосиевска , македонска пеачка и хуманитарка од ромска националност. Таа зборува за своето детство, желбата за пеење, животот со сопругот Стево, посвојувањето на 47 деца и успешната кариера во светски рамки. Родена е во Скопје 1943 год. во сиромашно многудетно семејство. Татко ѝ работел како чистач на чевли во центарот на Скопје, секогаш расположен за игра и песна со своите деца. Кога Есма има 11 години, Стево Теодосиевски го открива нејзиниот талент за пеење. Тој им ветува на родителите на Есма дека ќе се грижи за малото девојче и никогаш нема да ја направи кафеанска пеачка. Заедно почнале да работат. Гостувале во многу градови низ светот, запознавајќи се со истакнати личности како: Индира Ганди, Ј.Б.Тито и др. Есма и Стево, триесет години живееле и работеле во Белград, потоа се вратиле во Македонија. Во меѓувреме станале и сопружници. За нивната успешна работа имаат добиено многу награди и признанија. Есма е прогласена за кралица на ромската песна во светски рамки.
Автори: