< Назад

MOMENTO VITA - Сеќавање на животот - Зенку Мели

Производство: Македонска крепост

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: биографски

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 35 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2003

Содржина: Документарна програма за ликовниот уметник Зенку Мели. Роден е 1944 год. во с.Симница, гостиварско. На единаесет години со своето семејство се сели во Градец. Наставникот по ликовно го открива неговиот талент за цртање и инсистира да се запише во средно уметничко училиште во Скопје. Потоа се запишува на педагошката академија во Скопје. Своето образование го продолжува на ликовната академија во Приштина. Кога се враќа во Македонија, се вработува како професор по ликовно во гостиварската гимназија. Тој е единствен наставник што предава на три јазици: албански, турски и македонски. Првата своја изложба ја одржува во Гостивар 1972 година, а потоа следат изложби во: Скопје, Тирана, Косово и Америка. Добитник е на повеќе награди во земјава и странство. Автор е на ентериерни украси во повеќе од 100 џамии-калиграфија и други ентериери во повеќе објекти во светот.

Автори:

Режија: Дулев Блаже
Снимател: Владевски Јане
Монтажа: Дулев Блаже