Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,10 минути
Тип: Филмска лента
Техника: Стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1948
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ОХРИДСКИ РЕЗБАРИ /
Краток прилог за изучување на копаничарскиот занает, во Резбарско училиште во Охрид. Училиштето започнува со работа во 1928 година а било основано од скулпторот Бранислав Јованчевиќ. По 1945 година, училиштето продолжува со редовна работа и имало голем интерес за изучување на традиционалниот занет. Во училиштето, снимени се техниките на изучување на резбарството. Покрај теоретските предмети, учениците на практичните часови ја изучуваат методологијата на дрворезот. Најнапред се подготвува цртеж со одредена композиција, изработка на модел во глина, а потоа истиот орнамент се изработува во фази, за да се добие завршна форма од дрво. Деловите од фасадите и таваниците ги изработуваат од ореово дрво. Во средно крупен план снимателот го регистрира основачот на училиштето, уметникот Бранислав Јованчевиќ. За длабење на дрвото се користат метални длета и дрвени чекани, со различни големини. Делата на училиштето, каде се спојуваат уметноста, талентот и љубовта, биле дел од изложби на меѓународни уметници во странство.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: