Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Р. Македонија
Род: Журнал
Времетраење: 1,8 минути
Тип: Филмска лента
Техника: Стандард
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1948
Содржина: ПРИЛОГ 1 - МАКЕДОНИЈА - ВО ФАБРИКАТА ЗА МАСЛО /
Од производствениот процес во фабриката за масло „Благој Ѓорев“ во Велес. Редоследно, од погоните на фабриката, преку кратки кадри прикажан е процесот на производство на сончогледово масло, од семе до финален производ. Технолошкиот процес на добивање на суровото масло започнува со пресување на сончогледовото зрно, преработка на добиената суровина, рафинирање и добивање на масло за јадење. Последните кадри од прилогот се од полнење и складирање на маслото во лимена амбалажа.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: