< Назад

Имитација на американски живот

Производство: Сидо и Мастер интерактив

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: Краток игран

Род: Аматерски филм

Времетраење: 4,47 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: во боја

MM:

Година: 2005

Содржина: Краток игран филм во кој самиот автор, Сидовски, го глуми единствениот лик во филмот. Тој е богат, живее во убава куќа во елитна населба, вози добра кола, има пари, гардероба, но е несреќен. На крајот се самоубива на Скопскота тврдина Кале со зборовите: „Залудно е да си богат, кога не си среќен“. Во филмот преовладуваат крупни кадри и детали кои се повторуваат повеќе пати. Снимени се улиците во Скопје. Посветено е внимание на билбордите низ градот, со кои се рекламираат од продавници за мебел, до филмови и бутици за облека. Неколку повторувачки кадри на воланот од новата колата која ја вози ликот од филмот. Снимен е и ресторанот за брза храна „МекДоналдс“ во центарот на Скопје и панорама на градот од Кале.

Автори:


Фотографии: