< Назад

И бизнисот е идеја

Производство: ТВ Тоска

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: документарен серијал

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 122 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2005

Содржина: Документарна програма во 6 епизоди, која ни прикажува шест различни искуства. Постигнатите успеси во реализацијата на личните идеи.
Епизода 1: Бајрамали Ајдини од село Пирок, Тетово, раскажува за искуствата и контактите остварени во Словенија, кои му овозможиле успешен почеток на патот кон биснисот. Потоа раскажува за својот бизнис со пластични врати и прозорcи, за процесот на производството и за развојот на бизнисот на домашниот пазар и пошироко.
Епизода 2: Слично како и во првата епизода. Шабан Изаири раскажува за неговото искуство во Загреб и враќањето во родното место каде отвора бизнис со индустриски фрижидери „Фриготехника“. Во овој семеен бизнис постигнува одлични успеси. Неговиот успех може да служи како пример за сите оние кои пројавуваат желба да започнат нешто ново и да ги реализираат своите соништа.
Епизода 3: Шефки Идризи од село Џепчиште, Тетово. Ја напуштил Швајцарија за да се врати во родното место и да го реалирира својот сон во татковината. Тој денес е еден од најуспешните бизнисмени во регионот, со неговата градежна компанија „Ренова“.
Епизода 4: Марјан Јовевски е човекот кој ќе ни ја раскаже својата приказна, како идејата на својот татко, прераснала во личен бизнис и како тој бизнис успешно расте од ден на ден. Култот кон работата е мотивација во бизнисот. Со вложување на личен труд можете да бидете успешни меѓу другите, вели сопственикот на „Златна Рака“, Марјан Јовевски.
Епизода 5: Секој бизнис носи нова приказна, ново искуство, па така и Халит Јашари ја започнува својата приказна. Тој останува во родниот град Гостивар. Семејниот бизнис со опрема за угостителство и ресторани секоја година го проширува и дава совети за младите напорно да го вложат својот труд, да се образуваат и да учат занаети, се со цел за да осигураат подобра иднина за себе и за целото општество.
Епизода 6: Хамза Нухиу, менаџер на компанијата „Интер Фантазија“, која се занимава со производство на мебел, го продолжува семејниот бизнис кој е започнат пред 17 години. Оваа компанија деновиве е една од најуспешните во земјава.

Автори:

Снимател: Ахмети Сали
Монтажа: Бошковски Ацо