Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,28 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1948
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ПРВЕНСТВО НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА АРМИЈА ВО СКИЈАЊЕ /
Информативен прилог од одржување на натпревар на припадниците на ЈА на Попова Шапка. Натпреварот се одвива во дисциплините слалом, спуст, брзо одење и скокови. Камерата швенкува лево по построените натпреварувачи. Следуваат кадри од старт на натпреварот, брзо одење на патека, спуст на војниците и пристигнување на целта. Потоа, прикажан е дел од натпреварот во слалом и скокови. Во последните кадри натпреварувачите се фотографираат и во крупен план се прикажани дваца од нив со натпреварувачкиот број.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: