Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,21 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1948
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ВО ПИОНЕРСКИТЕ ЛЕТУВАЛИШТА НА МАКЕДОНИЈА /
Филмски запис снимен во пионерските летувалишта на Охридското Езеро и на Пелистер. Голем број деца се капат, пливаат и играат топка во вода. Во неколку кадри прикажани се утринските активности на децата во летувалиштето на Пелистер. Tрубачот труби збор. Пионерите пристигнуваат и го поздравуваат знамето кое се вее на јарболот. Следува час по утринска гимнастика. Во тотал од горен ракурс, забележана е колона пионери која се движи низ шумски предел на излет во природа. Во последните кадри опфатени се содржини од програмскиот дел на излетот: наставничка чита пред групата, децата играат козачко оро и балетска точка во изведба на две девојчиња.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: