Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,47 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1948
Содржина: ПРИЛОГ 1 - СО РИБАРИТЕ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО /
Во почетниот кадар, снимен од крајбрежјето кон Охридското Езеро, камерата швенкува по рибарите кои спростираат и подготвуваат мрежи за риболов. Тие во неколку групи на брегот ги прават плановите, а потоа со познатите охридски чунови, заминуваат на риболов. Чуновите се одалечуваат од брегот и рибарите ги фрлаат мрежите во водата. Потоа, неколку рибари од крајбрежјето ги извлекуваат мрежите со уловената риба.
Во среден план прикажана е екипа од хидробиолшката станица која врши вештачко оплодување на риба во езерото. На крајот, богатиот улов се става во плетени кошници за транспорт до рибарниците.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: