< Назад

Филмски новости бр.134/48

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Род: Журнал

Времетраење: 1,34 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1948

Содржина: ПРИЛОГ 1 - ЗЕМЈОДЕЛСКО СТОПАНСТВО „ТИКВЕШ“ /
Од почетниот кадар во тотал преку менување на неколку планови, забележани се сезонските работи во земјоделското стопанство „Тиквеш“. Најнапред, прикажана е жетва на житни насади со помош на жнеалки, транспорт на сноповите со помош на коњска запрега и редење на истите во стогови. Потоа, следува копање на лозје, рачно со мотика и заштита од штетници со помош на раствор од бакар сулфат, познат како син камен. Паралелно покрај овие активности, снимена е изградба на кровна конструкција на некој објект. Во земјоделското стопанство застапено е и одгледување на живина и зајаци. Во среде план две момчиња стрижат зајаци и крзното го собираат во сад. Во последните кадри, прикажани се згрижени деца во детска градинка чии родители работат во „Тиквеш“.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:

Снимател: Попов Трајче

Фотографии: