Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,12 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1948
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН/
Краток филмски запис за експериментите и истражувањето во тутунскиот институт во Прилеп. Во тотал, прикажана е берба на тутун од насади на институтот. Следните кадри се однесуваат на начинот на вкрстување на разни видови тутун и селекција на тутунските семиња. Среде тутунските насади, во тотал, се забележува зградата на Институтот. Собраните листови тутун се нижат рачно и низите се редат за сушење. Институтот располага со свои расадници каде вработените вршат експерименти, одосно снимен е начинот на калемење на тутун на гранка од домат и други растенија.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: