< Назад

Филмски новости бр.143/48

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Род: Журнал

Времетраење: 1,15 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1948

Содржина: ПРИЛОГ 1 - ПРВЕНСТВО НА ДРЖАВАТА ВО КАЈАК /
Записот од дваесетина кадри го следи државното првенство во кајак на мирни води, на Охридско Езеро. Во записот преовладуваат општи планови од горен ракурс, од стартот и текот на натпреварот, како и пристигнувањето на целта. На првенството учествуваат кајакари во категориите жени и мажи, во едносед кајак со едно весло и со лопатки од двете страни. Натпреварот е следен од љубители на оваа спортско рекреативна дисциплина. Првенството завршува со прогласување на победниците и доделување на дипломи во машка и женска категорија.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:

Снимател: Попов Трајче

Фотографии: